СТУДИЈА на Лансет покажува:  Болничарите и болничарките се три пати поизложени да се заразат со Ковид 19

Студијата ја објави Лансет, а анализирани се податоци од испитаници во Велика Британија и САД кои користеле специјална апликација за таа намена на своите мобилни телефони. 

Болничарите и болничарките се три ипол пати поизложени на ризик да се заразат со коронавирусот споредено со останата популација, покажа студија објавена во саботата.  Студијата ја објави Лансет, а анализирани се податоци од испитаници во Велика Британија и САД кои користеле специјална апликација за таа намена на своите мобилни телефони.
Од 100.000 медицински сестри во болниците кои ја користат апликацијата, имало 2747 заразени со Ковид 19. Меѓу други 100.000 корисници, имало само 242 заразени. Кога ќе се земе предвид и разликата во достапноста за тестирање меѓу болничарите и болничарките и останатиот дел од популацијата, авторите проценуваат дека меѓу медицинските сестри постои 3 до 4 пати поголема веројатност дека тестот ќе им е позитивен.
Студијата исто така покажала дека на секоја трета медицинска сестра, која е дел од малцинство, заштитна опрема воопшто не и била достапна или истата морала да ја користи повторно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот