Плакат за изложбата „Збирка“ на ФЛУ

Студентите на ФЛУ ќе се претстават со заедничка изложба со наслов „Збирка“

Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја најави студентската изложба со наслов „Збирка“, која ќе биде отворена на 24 декември 2025 година (среда) во Галеријата ФЛУ, објект Педагошка, во периодот од 19:00 до 23:00 часот.

Изложбата ќе претстави избор на дела од студенти на Катедрата за сликарство и трансмедиумски практики, Катедрата за скулптура и трансмедиумски практики, Катедрата за графика и трансмедиумски практики, како и од Катедрата за педагогија при Факултетот за ликовни уметности, од сите четири години на студии.

Преку дела реализирани во различни ликовни медиуми, вклучувајќи сликарство, скулптура и графика, изложбата ја прикажува актуелната продукција на студентите и нивните разновидни тематски и авторски пристапи.

Настанот ќе биде збогатен со музичка селекција од DJ Gianni Filipo, со што ќе се создаде дополнителен амбиент за посетителите. Изложбата е отворена за јавноста и ќе трае до 10.01.2026 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот