ВИДЕО | Студентите испратија порака на крајот од комеморативниот собир: „Се гледаме утре и секој втор ден, сè додека не се спроведе правдата“
Од брод на Дунав, студентите вечерва во Нови Сад запалија 16 фенери во знак на сеќавање на 16-те жртви. Тие замолија масовниот комеморатив собир да заврши на достоинствен и мирен начин.
Минатата година, на 1 ноември, времето застана на железничката станица во Нови Сад, кога по пад на настрежница смртно настрадаа 16 луѓе. денеска во Нови Сад, десетици илјадници граѓаљни со 16-минутен молк им оддадоа почит на настраданите и побараа заминување на актуелната власт/
Препорачано
вечерва, по 16 минути молчење, студентите преку мегафон им се заблагодарија на граѓаните за присуството на масовниот комеморативен собир.
Тие спуштија транспарент од тврдината Петроварадин на кој пишуваше: „Се гледаме утре и секој втор ден, додека правдата не биде задоволена“.
Од бродот на Дунав, студентите запалија 16 фенери во знак на сеќавање на 16-те жртви.
Студентите на Факултетот за компјутерски науки (РАФ) во блокадата побараа достоинствен и мирен крај на денешниот комеморативен собир во Нови Сад.
„Ве молиме денешниот комеморативен собир да го завршите на достоинствен и мирен начин. Ви благодариме“, се наведува во соопштението на студентите на РАФ.
Molimo vas da dostojanstveno i u miru završimo današnji komemorativni skup.
Hvala vam❤️
— Raf Blokada (@BlokadaRaf) November 1, 2025
Во Нови Сад, симболично, денеска граѓаните се собраа на 16 локации – за 16-те жртви, од каде што дојдоа до Железничката станица, каде што им оддадоа почит.
Во организација на српската дијаспора, комеморативни собири се одржаа и во градови низ целиот свет.
Во Србија, но и во Република Српска, денеска е Ден на жалост.
Синоќа илјадници студенти и граѓани пристигнаа во Нови Сад од различни делови на земјата. Тие пешачеа со денови, две групи дури од Нови Пазар, а некои дојдоа со велосипеди. Граѓаните од Нови Сад им приредија добредојде.


