Студенти мрзнат, нема греење во „Стив Наумов”

Неодамна добивме информација дека парното во студентскиот дом “Стив Наумов” не работи,реагираат од „Студентска ревилуција“ со допис до медиумите во кој споделуват и комуникација со студентите кои се жалат дека веќе три – четири дена немаат греење.

„На студентите станари во студентскиот дом “Стив Наумов” им е кажано дека парното во втора ламела нема да биде поправено. Ова претставува значителен предизвик и проблем, особено кога се приближуваат постудените месеци. Итно бараме ваша помош за ширење на овие информации до пошироката јавност. Од клучно значење е сите да бидат свесни за ситуацијата за да може да се преземат соодветни мерки за навремено решавање и отстранување на проблемот со греењето“, пишува во дописот потпишан како „Студентска револуција“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот