Студен туш за ВМРО-ДПМНЕ од Европската народна партија: Доследно да го користите името „Северна Македонија“

Манфред Вебер, претседател на ЕПП/Фото: EPA-EFE/LEONHARD SIMON

Манфред Вебер, претседателот на Европската народна партија , чиј член е и ВМРО-ДПМНЕ, упати јасна порака до раководството на партијата и побара целосно почитување на одредбите од Договорот од Преспа и доследна употреба на името „Северна Македонија“.

„Раководството на ВМРО треба целосно да ги почитува обврзувачките одредби од Договорот од Преспа и доследно да го користи името „Северна Македонија“. Почитувањето на меѓународните договори е основен услов за нас како Европска народна партија. Во спротивно Европа не може да функционира и ЕУ нема да го прифати тоа“, нагласи Вебер на својот профил на платформата „Икс“..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот