Стрипови од Златко Крстевски се објавени во јапонска антологија

Во годишната антологија на современа Манга уметност, која беше публикувана на крајот на 2021 година како дел од најдобрите дела презентирани во рамките на Триеналето во Саитама Сити во Јапонија, се објавени и стрипови од македонскиот автор Златко Крстевски.

Претходно поканети и селектирани во стрип-антологијата се и уметници од САД, Франција, Италија, Египет, Кина, Израел и др. Единствен учесник од Македонија е стрип-авторот Златко Крстевски со две дела.

Делата претходно беа изложени во Манга арт-музејот „Ракитен Китазава“ во Саитама, кој е резиденција на таткото на модерната Манга уметност, Ракитен Китазава. Пред две години за колекција на Музејот во Саитама од Крстевски беше откупено едно дело.

Делата се публикувани во двојазична антологија на јапонски и англиски јазик со наслов „The Best Cartoon of Nippon“ на 110 страници со биографски референци од уметниците и предговор на градоначалникот Хајато Шимицу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот