СТРАШНИ ПРОГНОЗИ ПО ЗАПЛЕНАТА НА 800 КИЛОГРАМИ КОКАИН: Следуваат крвави пресметки во српското подземје

Фото: Фејсбук

Марко Ницовиќ, член на бордот на директори на меѓународната полиција за борба против наркоманија, убеден е дека после заплената на 800 килограми кокаин ќе следува крвава пресметка во подземјето.

– Некој ќе плати за тоа. Доволно е само да погледнете колку луѓе беа убиени по исчезнувањето на 300 килограми кокаин во Валенсија во 2014 година, кога црногорскиот клан се подели на два дела. Можеме да претпоставиме само каква војна ќе започне сега во подземјето – истакнува Ницовиќ.

Според неговите зборови, пратката од 800 килограми кокаин можел да ја порача само некој многу моќен играч во српското подземје.

– Организацијата на транспортот чинела најмалку два милиони долари во кеш. Ова не е дело на оние помалите играчи. Кога 800 килограми кокаин би се продале на големо во Европа, заработката би била повеќепати поголема, а кога целата пратка би се применила за улична продажба на мало, тогаш сум уверен дека би вредела и многу повеќе од 50 милиони, колку што пренесе нашата полиција – вели Ницовиќ.

Ницовиќ објаснува дека околу 90 отсто од шверцот со кокаин за европскиот пазар се движи со рута од јужна Америка преку пристаништата во Албанија, Црна Гора и Хрватска.

– Србите и Црногорците се главни играчи. Црногорците се поморци, а Србите ја одработуваат логистиката и перењето на пари. Тоа така функционира – вели тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот