СТРАШНИ ПРЕДВИДУВАЊА: До понеделник половина од Венеција би можела да биде под вода
Олујно невреме погоди повеќе делови од Италија и предизвика смрт на еден возач, па се стравува дека на Венеција и се заканува ново поплавување.
Препорачано
Во североисточната провинција Фрурланија во Венеција, еден човек загина откако во текот на ноќта неговиот автомобил налетал на делумно поплавениот пат кој бил затворен за сообраќај.
Несреќниот возач повикал на помош, но пред да пристигнат пожарникарите, неговото возило било одведено од поројот, пренесува новинската агенција Анса.
Во понеделник наутро, скоро половина од Венеција би можела да биде под вода
Во Венеција, плимниот бран се искачи на 120 сантиметри околу 07.30 часот изутринава, а во недела и понеделник наутро нивото на водата се очекува да достигне 130 сантиметри, што значи дека 46 проценти од градот ќе биде под вода.
Градот во лагуната сè уште не се опорави од огромниот бран на плимата кој се искачи на 187 сантиметри на 12 ноември годинава, што претставуваше највисоко ниво во последните 53 години, кое предизвика непроценлива штета.
Во скијачкиот центар Вал Гроеден во Јужен Тирол, откажан е машкиот натпревар во спуст за Светскиот ски-куп, поради обилните снежни врнежи од снег и дожд.
Властите издадоа портокалово предупредување за дождови и лизгање на земјиштето во делови на Ломбардија, Фриули- Венеција, Лигурија, Тоскана, Умбрија, Лацио, Кампанија и Сардинија.


