СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО СРБИЈА: Директен судир на две возила, четворица загинати

Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград го уапсиле 27-годишниот Н.М, поради постоење на сомнение дека извршил тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, јавува Курир.рс.

Според овој извор, Н.М е осомничен дека синоќа, еден час по полноќ, на Ибарската магистрала кај местото Жупањац, управувајќи со возило со марка BMW, предизвикал тешка сообраќајка несреќа во која загинале четири лиcа, а уште четири се здобиле со потешки повреди.

На осомничениот му е одредено задржување до 48 часа и тој, со кривична пријава, ќе биде приведен во Основното јавно обвинителство во Лазаревац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот