СТРАШНА СООБРАЌАЈКА КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКА: Судир на две возила, има и потешко повредени

Фото: Слободен печат

Рано утринава околу 3.00 часот по полноќ, на раскрсницата кај железничка станица, се случила страшна сообраќајна незгода.

Според неофицијални информации, станува збор за судир помеѓу две возила, „Форд“ и „Мерцедес“, при што патниците во „Фордот“, биле потешко повредени.

Од МВР потврдуваат дека незгодата се случила меѓу патничко возило „Форд Фокус“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.С. (23) и „Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки управувано од В.Н. (23) од Скопје.

Повредените, со возило на Брза помош биле пренесени во Ургентниот центар.

Во моментов на терен има екипи на ЈП „Улици и патишта“, кои вршат санација на скршен семафор при судирот на возилата.

Пред околу еден час, пајак ги собрал двете возила, а притоа тој дел на улицата бил затворен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот