Стотина фотографии од разголени девојки најдени во станот на злоставувачот од Петница

Десетици, можеби стотици, фотографии од разголени девојки се пронајдени во станот на Бранислав Савиќ (65), поранешен вработен во Истражувачката станица Петница, кога петмина поранешни членови на институцијата го идентификуваа како сексуален насилник.

Савиќ беше испрашуван како граѓанин како дел од предистражните дејствија за случајот што ја тресе Србија со денови, а го покрена Основното обвинителство во Ваљево, со оглед дека станува збор за информативен разговор, спроведен претходно со поранешниот и сегашен директор на Петница, како и со неколку сведоци.

Тој не беше уапсен, како што објасни високата обвинителка Драгана Марковиќ, „затоа што истражните органи сакаат прво да ги обезбедат жртвите“.

Сепак, при претрес на стан во поширокиот центар на Ваљево, каде што Савиќ веќе подолго време живее со цел да добијат материјални докази, истражителите биле шокирани од тоа што го нашле. Станувало збор за стотина фотографии од разголени девојки. Некои фотографии биле со експлицидна содржина, а на некои од нив имало и малолетници.

Ова е манијакот од Петница кој со години злоставувал девојки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот