Стоматолог открива: Дали е потребно да се намокри четката пред да се нанесе паста за заби?

Паста за заби/ Фото: Deyan Georgiev / Panthermedia / Profimedia

Уште од мали нозе учиме како правилно да ги миеме забите, па би се рекло дека до зрелата возраст успешно ја совладуваме оваа вештина.

Сепак, многумина од нас, пред да ја стават пастата на четкичката за заби, ја ставаат под вода за да ја намокрaт. А дали е ова голема грешка во одржувањето на оралното здравје, од стручен аспект?

Стоматологот Сахил Пател, експерт и основач на клиниката „Мерилебон смајл“, откри за британски „Мирор“ дека една од најголемите грешки што можеме да ја направиме при миењето на забите е токму навлажнувањето на четката пред да ја нанесеме пастата.

„Ако редовно ја навлажнувате четката за заби пред на неа да ставите паста за заби, всушност ја разредувате. Пастата за заби веќе ја содржи вистинската количина на влага. Ако е влажна, побрзо се пени и ве тера порано да ја плукнете“, објаснил стоматологот.

Тој понатаму рекол дека препорачува да започнете со чистење од задниот дел на забите.

„Би препорачал прво да започнете одзади, што често е најтешко да се исчисти“, рекол стоматологот.

„Ако почнете од предната страна на забите и го оставите задниот дел последен, поголема е веројатноста е дека ќе запрете и ќе ја извадите четката од устата, без да ги исчистите забите од внатрешната страна“, додал стоматологот.

И тоа не е единствениот проблем што овој експерт го издвои. Покрај тоа што ја навлажнуваат четката пред нанесување паста за заби, голем број луѓе не ги мијат забите правилно, ниту тоа го прават доволно темелно, ниту доволно долго.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот