Столтенберг го пофали Кишида: НАТО нема поблизок партнер од Јапонија

Кишида и Столтенберг / Фото EPA-EFE/TIM IRELAND

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска му посака добредојде на јапонскиот премиер Фумио Кишида на вториот ден од Самитот на НАТО во Вилнус, нагласувајќи дека ниту еден партнер не е поблизок од Јапонија.

Столтенберг ја поздрави новата партнерска програма меѓу Јапонија и НАТО, која ќе ја зајакне натамошната соработка во сферите како контрола на вооружувањето, нови технологии, вселена, синџири за снабдување, отпорност и иновации.

Нагласувајќи дека безбедноста не е регионална туку глобална, Столтенберг му се заблагодари на јапонскиот премиер за силната поддршка за Украина.

Тој исто така изрази загриженост за кинеските воени активности, вклучувајќи го модернизирање и експанзија на нејзините нуклеарни сили, а го осуди и последното ракетно тестирање на Северна Кореја кое ги нарушува меѓународните норми и бројни резолуции на Обединетите нации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот