Стојков: Бројката на Македонци во Бугарија е вештачки намалена

Стојко Стојков, ОМО Илинден-Пирин / Фото: Архива на Слободен печат

ОМО Илинден – Пирин реагира дека податоците од ланскиот попис во Бугарија што се однесуваат на бројот на Македонци се неточни, необјективни и неупотребливи.

На презентација на податоците од пописот на населението во Бугарија, Националниот статистички институт објави дека во земјата доминираат Бугарите кои сочинуваат речиси 85 проценти од населението, а како припадници на други етнички заедници се забележани Турците со 8,4 отсто и Ромите кои сочинуваат 4,4 отсто од населението. Сите останати заедници се впишани во графата „други“, вклучувајќи ги и Македонците чиј број изнесува 1.143.

– Бројката на Македонците во Бугарија е вештачки намалена. Освен тоа пописот е спроведен на многу некоректен начин. Луѓето речиси и не беа посетувани во домовите, туку само телефонски им се бараа лични податоци кои потоа, без нивно присуство беа впишувани во картоните од страна на попишувачот. Така што, овие 1.143 Македонци се луѓе кои се попишале онлајн, а другите се пишани како Бугари – изјави за „Слободен печат“ Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден-Пирин.

На прашањето колкава е реалната бројка на Македонци во Бугарија, вели дека никој не знае, но проценката е дека ги има неколку десетици илјади. Некои од нив барале да проверат како се попишани, а официјално им било одговорено дека законот не го дозволува тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот