Стојаноски: Анкетната комисија ќе има рок од 45 дена да ги разгледа трагедиите, подготвени сме да работиме и по 24 часа
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изјави дека Анкетната комисија е формирана со цел да ги разгледа трагедијата во Кочани, сообраќајните несреќи на „Дурмо турс“ и на „Беса транс“ како и пожарот во модуларната болница во Тетово, во кои загинаа 138 лица.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тој во гостување во емисијата „Анализа“ на 24 телевизија, нагласи дека комисијата ќе има рок од 45 дена за работа, по што следуваат дополнителни 30 дена за подготовка и доставување на извештајот до надлежните институции.
Власта ја минира анкетната за Кочани, Собранието формира анкетна за четирите несреќи
Стојаноски истакна дека секое релевантно лице може да биде предложено и повикано на сослушување, отфрлајќи ги обвинувањата за опструкција или прикривање информации. Според него, приоритет ќе имаат сите случаи опфатени во одлуките, а динамиката на работа ќе биде усогласена меѓу сите пратенички групи.
Тој додаде дека, доколку е потребно, подготвени се да работат и по 24 часа, со цел процесот да биде целосен и темелен, а секој што сака да предложи сведок ќе ја има таа можност.


