Власта ја минира анкетната за Кочани, Собранието формира анкетна за четирите несреќи

Со поддршка и од власта и од опозицијата, односно со 85 гласа „за“ помина иницијативата на мнозинството за формирање анкетна комисија за трагедијата во Кочани, сообраќајните несреќи на „Дурмо турс“ и на „Беса транс“ како и пожарот во модуларната болница во Тетово. Комисјата ќе има 15 пратеници, а претседателот и заменик претседателот ќе бидат од опозицијата.

Владејачкото мнозинство не даде поддршка на иницијативата на опозицијата за формирање анкетна комисија за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загинаа 63 млади и повеќе од 200 беа повредени. За иницијативата на СДСМ, Левица и на ДУИ гласаа 28 пратеници, додека мнозинството не гласаше. Со поддршка и од власта и од опозицијата, односно со 85 гласа „за“ помина иницијативата на мнозинството за формирање анкетна комисија за трагедијата во Кочани, сообраќајните несречи на „Дурмо турс“ и на „Беса транс“ како и пожарот во модуларната болница во Тетово. Комисјата ќе има 15 пратеници, а претседателот и заменик претседателот ќе бидат од опозицијата. Со ова власта го минира формирањето на анкетна комисија која требаше да ги расветли случувањата за трагедијата во Кочани и заклучоците да ги достави до Владата и до јавното обвинителство.

Антонијо Милошоски / Фото: „Слободен печат“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во образложението за формирање на анкетната за четирите несреќи рече дека иницијативата е поддржана од 75 пратеници и ја повика опозицијата да им се приклучи за да се формира само една комисија.

-Иницијативата се поднесува заради сериозноста на последиците од трагедиите во Кочани, „Беса транс“во Бугарија, „модуларната болница“ и за „Дурмо турс“ кај Ласкарци. Целта е да се разгледуваат сите пропусти и сметам дека на овие трагедии кои ги платија недолжни луге заедничко им е нефункционалност на системот. Загубивме 138 човечки животи. Било кои наоди кои ќе се добијат од анкетната ќе бидат испратени до Владата и до јавносто обвинителство и ќе помогнат за политичка но и кривична одговорност. Предлагаме претседателот и заменикот да биадт избрани од опозицијата зашто тоа е правило кое треба да се почитува. Би напоменал дека со изгласување и формирње на анкетната комисија ние како пратеници ќе покажеме неселективност зашто нема трагедија која однела човечки животи а која е помалку важна. Сите четири трагични настани не треба да бидат селективно разгледувани туку како целина и со објективни согледувања да поправиме системски недостаоци кои се таложеле и довеле до вакви трагични резултати.Го повикувам и Филипче како претседател на СДСМ да даде поддршка за оваа анкетна која не исклучува ниеден трагичен настан и ќе ги разгледува сите- рече Милошоски.

Бобан Карапејовски од ЗНАМ рече дека станува збор за тешки теми, но дека пратениците се тука за да зборуваат и за такви теми.

– Овие теми треба да ја обединат нацијата и заклучоците треба да ни помогнат како понатаму за да не ни се повторуваат. Имам лична дилема дали треба анкетна комисијабидејќи е почнат судски процес, но општеството сака да зборува. Ние решивме да го прошириме опфатот освен за Кочани да се утврди политичка одговорност и за другите случаи каде и кој затаил – рече Карапејовски.

Оливер Спасовски Фото: Принтскрин

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски ја образложи иницијативата на опозицијата за формирање анкетна комисија за трагедијата во Кочани.

-Анкетната за пожарот во дискотеката „Пулс“ со 64 загинати и околу 200 повредени е една од најтешките трагедии во Македонија во поновата историја и силата на човечката загуба на тера да делуваме обединето. Анкетната ја бараме зашто тоа е ставот на мнозинството граѓани во Македонија, а не само на семејствата на загинатите и на повредените. Комисијата треба да ја утврди хронологијата на настаните и сите околности и евентуални прекршувања од страна на институциите. Од исклучителна важност е да се утврди зошто и како се случи целиот настан. Немаме намера да водиме постапки кои ги води обвинителството и да судиме некого, но треба да се утврдат проппустите на системот и колку тие влијаеле за да се случи трагедијата, каде ние треба да постапуваме како Собрание, дали Собранието направило пропусти при промена на законски регулативи и да се изготват извештаи до надлежните институции кои можат да постапуваат. Трагедијата во Кочани не засега сите нас без зависност од политичка и етничка припадноси и било каква друга определба. Граѓаните очекуваат да покажеме дека овие моменти треба да бидат за обединување, а не раслојување и да не покажеме дополнителни разочарувања не само кај семејството туку и кај македонската јавност. Граѓаните бараат единство за суштински прашања во државата, а едно од нив е и ова – рече Спасовски.

Тој додаде дека иницијативата поднесена од СДСМ, Левица и од Европскиот фронт не може да биде помалку вредна оти за неа има 31 потпис од таа на власта и побара сите пратеници да ја поддржат.
На почетокот на седницата пратеникот и заменик-координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски побара од колегите пратеници од опозицијата да се постигне договор да има една анкетна комисија за несреќата во Коачни, но и за случаите „Модуларна болница“, „Дурмо турс“ и „Ласкарци“.

Бојан Стојаноски ВМРО-ДПМНЕ Фото: Принтскрин

-Сметам дека треба да бидеме особено внимателни, бидејќи за една од тие трагедија се води судски процес и тоа практично ќе значи дека ние како орган, како пратеници, треба да внимаваме и на нашиот дигнитет и соодветно на тоа да ги опфатиме сите оние трагедии кои што се случуваат за да им дадеме на граѓаните тоа што го бараат, а тоа е правда и конечен одговор на прашањето кој е виновен затоа што тоа репетитивно се случува во нашата држава – рече Стојаноски.

Стојаноски побара да се смени терминот на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на правата на граѓаните, чиј претседател е Димитар Апасиев, и на која на дневен е претставката на родители и блиски на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Седницата е закажана на 9-ти декември, кога почнува пленарната седница на која на дневен ред е Предлог-Буџетот за 2026 година. Стојаноски образложи дека на седницата на Постојната анкетна комисија во тој случај би можеле да присуствуваат повеќе пратеници, но и Премиерот лично.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче на прес конференција во Собранието рече дека ќе ги поддржат двете анкетни комисии.

Фото: СДСМ

-Мора да се слушне гласот во Собранието на луѓето чиишто ова практично е дом. Тоа се сите граѓани во конкретниот случај родителите на загинатите и повредените деца коишто ова го бараат од нас. Очекувам од сите пратеници да ја поддржат анкетната комисија за несреќата во Кочани како што сите ние ќе ја поддржиме и таа друга анкетна комисија којашто тие ја предлагаат – рече Филипче

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот