Стоилковски: Дац држи се до театарот, пишување за партиски потреби не е ниту поезија ниту е уметност

 Без намера да критикувам било кој уметник, било тоа и Дац,  гледам дека заради преголемата суета (неговите стихови), не ја гледа суштината на пораката кон која што се обиде да даде “свое” видување, изреагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на песната која актерот Драган Спасовски Дац и Александар Митевски ја промовираа деновиве. Стоилковски му порача на актерот да се држи до театарот и да не се вмешува во пишување за партиски потреби. 

„За каква деноноќна вакцинација пишуваш бе Дац кога нема вакцини, дај објасни, бидејќи еве јас не знам? Тоа што нема вакцини не се тие виновни, но да ја релативизираш состојбата- да се снимаш “на оро” за потребите на режимот, е за тоа си има вина! Народ умира, Дац, народ се бори за здравје, еј се плаши за живот. Не знам дали успеваш да распознаеш жив и здрав човек, од болен, смртно уплашен човек. Македонија ја претворија во држава со такви луѓе коишто се плашат за својот живот. За уметник, тоа би било порив за вистински стихови, за критика на состојбата. За уметник, велам.
Види Дац, држи се до театарот, тие даски трпат и суета и импровизации.
Пишување на “доскочици” за партиски потреби не е ниту поезија ниту е уметност. Тоа има друго име, пропаганда. Во овој случај, партиска, за потребите на партијата (Мафијата) на власт. Со тоа не си уметник, туку пропагандист. А пропагандист од уметник се станува само кога ќе го допреш и пробиеш дното, за жал.
Тоа што тебе сега те вејат како знаме на дршката од метлата која му ја подари на 33 не значи дека си во пикот на кариерата. Напротив.
Јас не сум видел дека си напишал стихови или препев за јазикот, македонскиот јазик пред налетот на модерниот фашизам. Јазикот со којшто што ти, но уште повеќе твојот татко, бардот Стево Спасовски, ги полнеше театарските сали и добиваше овации на даските на Драмски.
Јас не сум ти чул препев за состојбите во културата; па ни за преименувањето на МНТ и бришењето на “Македонски” од него. Уште еден модерен фашизам.
Јас не сум чул препев за состојбите во општеството во коешто на еден народ, македонскиот народ, му се брише историјата. Фашизам, нели?Онаа историја и оние моменти обележани дури и со улоги на Стево, како Солунските атентатори, или Републиката во пламен, или Преку езерото… Или Тетовирање, ако сакаш.
Јас, прости Дац, не сум чул од тебе ништо што би било вистински “уметнички крик” како реакција на овој потоп на вистинските вредности во Македонија.
И тука би се вратил на почетокот, на стиховите и препевот, со “регионална слава” како велиш. Веројатно мислиш на онаа финта на Бојко Борисов. Но, видиш, не го исползува ти моментот за да наметнеш став за различноста на јазикот. Си премолче. Во интерес на партиските потреби.
И затоа Дац, верувај дека “Теѓет (чорапа на се иде)” има поголема уметничка вредност од твоите памфлети. И “Дедо Мраз од Коњари” има поголема уметничка вредност заради односот, критиката кон општествената реалност во моментот.
Знам дека и ова ќе го разбереш погрешно, низ призмата на политиката или можеби од некој утрински само твој еликсир. Па затоа, терај си Дац, вежбај до каде може да оди дршката од метлата.
Еј, Дац, освен во политика, глумиш на друго место? Онака, за “корка леб” те прашувам“, напиша Стоилковски.

а “корка леб” те прашувам“, напиша Стоилковски.

Мицкоски за танцувањето на здравствените работници во „А1 Арената“: Трагично, декадентно мизерно оро – не можев да поверувам што гледам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот