Стил на неделата: д-р Андријана Скерлев Чакар, правничка

Соња Алексоска-Неделковска, новинарка, за „Женски печат“ одбра стил на неделата, а според неа, тоа е Андријана Скерлев Чакар, правничка.

– Скопјанката Андријана Скерлев Чакар, негува непретенциозен, но совршен стил. Убава е, образована е, правник по професија, доктор на науки, елоквентна, професионална и праведна. Кога ќе ја сретнете на работно место, на спортски натпревар, во кафеана, во театар, на аеродром, на кафе со сестра ѝ и мајка ѝ, на прошетка со сопругот или на хуманитарни настани, впечатокот е ист. Кај неа се е на место, а нејзиниот стил е секогаш компатибилен со пригодата на која присуствува. Но, нејзината умешност е во тоа што знае да искомбинира уникатно парче со нешто што одамна било во нејзиниот ормар, или пак со дел од гардероба кој можеби го имаат илјадници други. Но, таа тој детал го прави да биде само нејзин. Веднаш се забележува дека таа ја „носи” облеката, не таа нејзе. Секогаш е со средена коса, дискретна шминка и негувана кожа. И што е најважно, што и да има на себе, чекори гордо и достоинствено. Вистинско уживање за секое око, вели новинарката Соња Алексоска-Неделковска.

Соња Алексоска-Неделковска

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот