Стерјовски и Колефски се сретаа со директорот на албанскиот катастар

Пратеникот во албанскиот парламент од Македонска алијаса за европска интеграција – МАЕИ, Васил Стерјовски, продолжува со неговите заложби да ги надмине проблемите кои ги имаат Македонците во Албанија.

Тој денеска заедно со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, имаа работна средба со директорот на Државната агенција за катастар, Артан Ламе.

-Разговаравме за регистрацијата на имотите во Општина Пустец во Државната агенција за катастар, како и за легализација на објектите изградени пред и после 1991 година на територијата на Општина Пустец. Се договоривме најбрзо што може, работна група од Агенцијата, да ја посети Општина Пустец и заедно со преставниците на општината да ги верификуваат објектите кои што треба да се легализираат и да се изготви потребната документација за легализација на овие објекти, со цел нивните сопственици да добијат имотни листови – изјави Стерјовски.

Градоначалникот Колефски за МИА изјавил дека во општината има околу 180 диво изградени функционални објекти, чии сопственици имаат поднесено барања за легализација со потребната документација.

-Проблем е во тоа што државното земјиште што е во сопственост на Општина Пустец нема имотен лист и општината губи приходи од тоа што не може да го издава под закуп. Друг проблем е со дивоградбите кои се изградени изминатите триесеттина годин, а не се легализирани зашто територијата на Општина Пустец е дел територијата на Националниот парк „Преспа” и има статус на заштитено подрачје – вели Колефски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот