Стејт департментот ќе препорача Американците да не патуваат во 80 отсто од државите

Стејт департмент/ Фото: МИА

Стејт департментот досега има препорака за непатување во 34 од околу 200 држави меѓу кои се Чад, Косово, Кенија, Бразил, Аргентина, Хаити, Мозамбик, Русија и Танзанија. Но, се планира на списокот да се најдат 130 земји.

Американскиот Стејт департмент вчера соопшти дека ќе ја прошири листата на држави во кои граѓание да би требало да патуваат бидејќи има „невиден ризик за патниците” поради пандемијата со Ковид-19.

Стејт департментот досега има препорака за непатување во 34 од околу 200 држави меѓу кои се Чад, Косово, Кенија, Бразил, Аргентина, Хаити, Мозамбик, Русија и Танзанија. Но, се планира на списокот да се најдат 130 земји.

На Американци веќе им е оневозможено патување во поголем број европски држави поради воведените рестриктивни мерки, а Вашингтон забрани влез во САД за лицата кои неодамна биле во шенген зоната, Кина, Бразил, Иран и Јужна Африка.

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) сè уште не ја коментираше најавата на Стејт департментот.

ЦДЦ на почетокот од месецот објави дека вакцинираните лица можат безбедно да патуваат низ САД со оглед на „нискиот ризик”, но директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски ги повика Американците да не патуваат поради големиот број на инфицирани лица.

– Знаеме дека имаме поголем број случаи во моментот. Јас би препорачал да не патуваме. Ние не препорачуваме патувања во овој момент, особено за луѓето кои не се вакцинирани, посочи Валенски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот