Стефановиќ: Лага е дека сум предводник на група заговорници за рушење на Вучиќ

Фото: SRDJAN STEVANOVIC / AFP / Profimedia

Министерот за одбрана Небојша Стефановиќ на прес -конференција изјави да е лага дека е водач на „група заговорници насочени кон соборување на претседателот Александар Вучиќ”, дека е некој што работи против претседателот, го крши законот и работи за интереси на странските држави, јави дописникот на МИА од Белград.

Стефановиќ оцени дека е обележан како некој што работи директно против претседателот на неговата земја, дека го прекршил законот и дека сето тоа го направил во интерес или за интереси на странски држави.

-Она што е најтешко да се каже, а имаше за цел да се обидат да го уништам мојот однос со претседателот Вучиќ, е токму лагата дека јас сум водач на група заговорници директно против претседателот, означен сум дека работам директно против претседателот на моја земја, дека го прекршив законот и дека го направив сето тоа во интерес или за интересите на странските земји. Од сите изнесени лаги, оваа е најмонструозната и нема да се сопрам додека не се разоткријат секоја од овие лаги одделно, изјави Стефановиќ и додаде дека е подготвен да оди на полиграфски тест за да покаже дека тоа што го зборува е вистина.

Вчера, началникот на Службата за специјални истражни методи на Дирекцијата за криминалистичка полиција (УКП), Томислав Радовановиќ, изјави дека е „убеден” дека има паралелна структура во МВР „со прецизно избрани луѓе”, чија цел е да се соберат податоци за претседателот Вучиќ и неговото семејство. Радовановиќ кажа дека групата, формирана во времето кога Стефановиќ бил ресорен министер, имала логистичка и секаква друга поддршка од „една западна разузнавачка служба”, како и дека воспоставила разузнавачка мрежа со „тајкуни” и организирала криминални групи.

-Радовановиќ тврди дека работам по налог на странска држава, а некои медиуми одат во разработување на неговите лаги. Не сум слушнал помонструозна лага, секоја средба со странски службеници се одржува во согласност со законот, мојата посета на САД не е моја приватна посета, туку по одлуката на Владата со воспоставена платформа и теми за разговор. За време на тие посети со мене беа службеници од различни министерства, изјави Стефановиќ.

Тој додаде дека е обвинет дека работел за Русија и дека е дел од „малигното руско влијание”.

Што се однесува до случајот со Јовањица, Стефановиќ напомена дека тој бил првиот што излегол на прес конференција и непосредно пред медиумите по неколкудневната проверка, на што инсистираше претседателот Вучиќ, тој јавно објави дека ниту Александар, ниту брат му Андреј Вучиќ никогаш не биле во контакт со Колувија, дека никогаш немале телефонска комуникација со нив, дека никогаш немале никаква врска ниту со Јовањица, ниту со Колувија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот