Стефанова: Јанева нареди Камчев да се пушти од притвор

Таа рече дека на еден состанок Јанева и рекла за петмината притворени да им се изменат мерките и да се ослободат од мерката притвор.

Не сум скарана со ниту еден од двајцата обвинети, но не сум во добри односи со обвинетата Катица Јанева. Ова во својот уводен збор го изјави сведокот-обвинител Лиле Стефановска која денеска сведочи во предметот „Рекет“.

Таа рече дека предметот „Империја“ бил започнат со експлицитни разговори кој тие ги преслушале и биле со индиции за сторени кривични дела.

– Наредбата за истрага првично беше против 13 лица, а за пет од нив сметавме дека може да влијаат врз сведоци. Јордан Камчев имаше двојно државјанство, имот надвор од земјава и силно влијание врз сведоците, а Панделески имаше привремена лична карта од Грција. Затоа за пет лица побаравме и беше определена мерка притвор. На некој чуден начин од истражителите бев известена дека Камчев спремен ги чекал да дојдат тие, а дел од телефоните биле сменети. При претрес во „Орка Холдинг“  беа Филимена и Михајло Маневски. И таму беше „чистено“. Тоа што го најдовме како докази го земавме. Панделески и Камчев цело време праќаа емисари, политичари и бизнисмени за да влијаат врз истрагата кај мене и кај Јанева. До тој момент таа не покажа со ништо дека сака да влијае врз мене. Во декември започна да бара повеќе информации. Ништо тогаш не ми беше чудно. Околу 20 ноември прв го повикав Камчев да го запознаам со предметот. Тој од џебот извади лист и ми го даде. Ми рече читајте го делот каде е напишан на латиница од Наташа Савова. Пишуваше да разговарам со Сашо Мијалков за негово ослободување. На листот пишуваше дека за него ќе се преземат пакет мерки за кој ќе се погрижи Наташа Савова. Листот и го дадов на Јанева, но таа ништо не реагираше – рече Стефановска.

Таа рече дека на еден состанок Јанева и рекла за петмината притворени да им се изменат мерките и да се ослободат од мерката притвор.

– Јас се побунив, но таа рече дрско “Тоа е моја одлука, тоа е важно за процесите во државата и да се донесе законот за обвинителство”. Тогаш се побуни само еден колега, другите молчеа. Таа уште еднаш ме потсети да ги уважам жалбите на обвинетите, вели Стефановска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот