Стефанова: Дејствијата на Јанева му нанесоа сериозна штета на СЈО

Дејствијата за кој Катица Јанева денеска е на обвинителна клупа му нанесоа сериозна штета на Специјалното јавно обвинителство, а предизвикаа и сериозна разочараност кај целата правдољублива јавност во државата. Тоа од друга страна им остави простор на осомничените и обвинети лица во предмети од СЈО неосновано да ги дискредитираат јавните обвинители и предметите, се со цел да ја намалат и да ја избегнат кривичната одговорност која во тие предмети им се става на товар, изјави обвинителката Лиле Стефанова по денешниот процес за предметот „Рекет“.

– За жал, уште еднаш се покажа дека ако сте лице кое има политичка, општествена или економска моќ, тоа наоѓа начин пред се преку вршителите на функциите во правосудниот систем да си ја олесни својата постапка во кривичната постапка, да приговара и да преговара да ја избегне кривичната одговорност. Во овој случај системот многу брзо реагираше. Се надевам дека во иднина сите вакви случаеви ќе бидат санкционирани и нема да има ситуација во кој носители на високи позиции ќе бидат донесени во вакви ситуации. Јас сум убедена дека јавноста имаше доволно време, ама и доволно информации за да сфати дека јас како предметен обвинител во истрагата „Империја“, ниту друг истражител или вработен во СЈО имаме било каква поврзаност со дејствијата за кој Катица Јанева денеска седи на обвинителна клупа – рече Стефанова.

Запрашана до каде е случајот „Империја“ и дали уште и се јавуваат „емисари“, обвинителката Стефанова со одговор:

– Емисарите не се јавуваат. „Империја“ овие денови добива забрзани текови и уверена сум дека ќе добие на ефикасност и на брзина и ќе може да донесеме јавно-обвинителска одлука во овој предмет за да конечно престанат сите сомнежи и препукувања – нагласи Стефанова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот