Јанева кон Стефанова: „Гомнарка, ороспијо“

На напуштање на судницата Катица Јанева ја навреди обвинителката Стефанова дофрлајќи и: „Гомнарка, ороспиjо“.

Додека јас бев на летен одмор, Катица Јанева дала позитивно мислење за враќање на пасошот за пратеникот Илија Димовски. За тоа дознав откако се вратив од одмор и откако судот го одбил тоа барање, рече во својот исказ обвинителката Лиле Стефанова која денеска сведочи во предметот „Рекет“.

– Судијката Весна Димишкова го потпиша налогот за претрес во домот на Камчев. Како што знам јас од тоа што тие кажаа, прв за претресот дознал Сашо Мијалков. Многу лица бараа информации за предметот „Империја“ – рече Стефанова.

На средба со Ванчо Чифлиганец која се одржа кај мене на работа прашуваше зошто се истражуваат негови пријетели, но кога го прекинав, нашиот разговор продолжи за други теми, изјави Стефанова.

– Цело време Јордан Камчев бараше врски – нагласи обвинителката.

Таа рече дека после одлуката на Врховниот суд за случајот „Империја“, одлучувањето на Катица Јанева за преземање на истраги било намалено.

По завршување на главната расправа, судот му даде збор на првообвинетиот Бојан Јовановски кој рече:

– Мојата конечна одлука е дека нема да одам на лекарски закажан зафат. Моето семејство од објективни причини секојдневно да ми обезбедуваат храна. Немам никакви услови. Моето здравје и живот ги ставам во прв план. Нема да дозволам на политички сили да ме држат како заложник во притвор. Ова е тивка ликвидација бидејќи не се постапува според лекарските предлози. Имам побарано и меѓународна лекарска помош – рече првообвинетиот Јовановски.

На напуштање на судницата Катица Јанева ја навреди обвинителката Стефанова дофрлајќи и:
„Гомнарка, ороспијо“.

Додека почициската придружба ја изнесуваше од судница, Јанева се кон новинарите и рече:
„Мачето и го возев, затоа не чинам“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот