Стеф Кари/EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Стеф Кари потпишал договор вреден над една милијарда евра?

НБА ѕвездата Стеф Кари стави крај на потрагата по нов спонзор за спортска опрема, откако потпиша долгорочно партнерство со кинескиот спортски гигант „Ли-Нинг“.

Четирикратниот шампион во НБА цели 13 години соработуваше со компанијата „Андер Армор“, но двете страни ја прекинаа соработката во ноември минатата година.

„Ова е повеќе од договор за патики, повеќе од препознатлива линија на производи. Ова е партнерство за цел живот“, изјави 38-годишниот Кари, кој се подготвува за својата 18-та сезона во НБА во дресот на Голден стејт.

Според информациите на „ЕСПН“  договорот меѓу Кари и „Ли-Нинг“ е со важност од десет години. Иако официјалната вредност не е објавена, на социјалните мрежи и во дел од медиумите се шпекулира дека станува збор за сума поголема од една милијарда долари. Некои извори наведуваат 1,19 милијарди, а други околу 1,2 милијарди долари.

Соработката ќе опфати кошаркарска опрема, спортска и рекреативна облека, можност Кари под својот бренд да потпишува договори со други спортисти, како и комплетна линија производи за голф.

Компанијата „Ли-Нинг“ е основана во 1990 година од истоимениот кинески гимнастичар и олимписки шампион. Денес таа е една од најпрепознатливите спортски компании во Азија, а повеќе од 98 проценти од минатогодишните приходи од 4,3 милијарди долари биле остварени на кинескиот пазар.

Се очекува партнерството со Кари, кој ужива огромна популарност во Кина, дополнително да ја зацврсти позицијата на „Ли-Нинг“ на домашниот пазар и да помогне во проширувањето на брендот во САД.

Рик Аделман – тренерот кој не веруваше дека Дражен Петровиќ е Ол-стар кошаркар

Берокал го објави поширокиот список на кошаркари за натпреварите со Ирска и Луксембург

Вембањама добива најголем договор во историјата на Сан Антонио Спарс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот