Статуата на Теодор Рузвелт отстранета од музеј во Њујорк
Градската канцеларија за култура на Њујорк минатата година донесе одлука да се отстрани статуата на поранешниот американски претседател Теодор Рузвелт , што стоеше пред Природнонаучниот музеј во „Големото јаболко”, и истата сега ќе биде преместена во претседателската библиотека на Рузвелт во Медора, во сојузната држава Северна Дакота, јави Њујорк Тајмс.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Работниците вчера ја демонтираа статуата на американскиот претседател, што беше откриена во 1940 година, а го прикажува Рузвелт на коњ, додека покрај него стојат индијанец и Афроамериканец. Критичарите ваквата композиција на статуата ја нарекоа симбол на колонијализмот и расизмот.
Њујорк Тајмс лани напиша дека градската канцеларија за култура донесе одлука за отстрануваше на статуата од местото на кое стоеше 80 години и дека истата ќе биде преместена Северна Дакота.
Природнонаучниот музеј на својата веб-страница објави дека е горд што е поврзан со семејството Рузвелт, но дека во моментов статуата „пренесува порака за расна хиерархија која музејот и јавноста веќе подолго време ја сметаат за вознемирувачка”.
Рузвелт беше претседател на САД од 1901 до 1909 година.


