Стапката на репродукција на коронавирусот во Германија падна под критичната точка 1

Ковид болница. / Фото: EPA-EFE/MATTHIAS RIETSCHEL / POOL

Институтот за јавно здравје и контрола на болести Роберт Кох, објави дека стапката на репродукција на Ковид-19 во Германија падна под критичната точка 1, на 0.94, откако во понеделникот достигна 1.07.

Таканаречениот репродукциски број „Р” укажува дека во просек 100 заразени лица сега би заразиле 94 други во текот на 24-часовен период, што значи дека бројот на нови инфекции се намалува, бидејќи беше во пораст на почетокот на неделата.

– Засега не очекуваме ново зголемување, соопштија од Институтот Роберт Кох.

Според последните податоци, во вторникот во Германија се регистрирани нови 798 случаи на новиот коронавирус, а починале 101 лице.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот