Станковски: Беше тежок натпревар, се надевавме на позитивен резултат по мечот со Данска
Најдобрите македонски фудбалери не ја остварија целта да обезбедат пласман на Светското првенство 2026 по високиот пораз од 4:0 во Копенхаген во полуфиналето од плејофот.
Препорачано
Избраниците на селекторот Гоце Седлоски по таа елиминација одиграа пријателски натпревар во Даблин против Република Ирска без голови (0:0) на стадионот „Авива“.
Минутажа на контролниот меч против Ирците доби и Лука Станковски кој настапи од 60 минута како замена за Дарко Чурлинов.
– Беше тежок натпревар, дадовме сè од себе. Се надевавме на позитивен резултат после дуелот со Данска. Но, таков е фудбалот, некогаш ќе победиме, некогаш ќе загубиме, некогаш ќе биде реми. Наше е да го даваме максимумот за националниот дрес. Имавме две-три полу шанси, се надевав дека ќе постигнеме гол. Кога добив шанса, влегов во игра со иницијатива да победиме, но како што кажав, таков е фудбалот. Се надеваме на позитивни резултати во следните мечеви – рече Станковски.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


