Станиќ пред тешките гостувања: Храбро против Италија и Ерменија
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година влегува во нов предизвик од квалификациите за Европското првенство 2027 со две тешки гостувања.
Препорачано
На 26 март во Емполи избраниците на Горан Станиќ ќе се соочат со Италија, а пет дена подоцна, на 31 март, ќе гостуваат во Ереван кај Ерменија.
Нашата селекција веќе ги започна подготовките, со делумно подмладен состав и јасна цел, поконкурентни изданија и позитивен резултат.
–Нè очекуваат две исклучително тешки гостувања, но тоа е реалноста во овој квалификациски циклус. Направивме одредени промени и го подмладивме тимот со фудбалери кои ќе бидат носители и во следниот циклус, но и со играчи кои верувам дека веќе сега можат да одговорат на барањата.
Клучно ќе биде да одиграме дисциплинирано, одговорно и борбено. Мора да ги сведеме на минимум индивидуалните грешки што досега скапо нè чинеа и да извлечеме максимум од двата натпревари. Очекувам храбар пристап, без преценување или потценување на противникот, со фокус на нашата игра – изјави селекторот Станиќ.
Во групата од квалификациите за ЕП 2027, македонската репрезентација во шесте натпревари, запиша домашна победа против Ерменија (2:1). Против Италија, во Битола, загубивме со 0:1.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
38мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


