Сталоне најлош актер, Меган Фокс најлоша актерка: Кој сè освои „Златна малина“?

Foto: Printskrin / Jutjub

Филмот „Вини Пу: Крв и мед“ (Winnie-the-Pooh: Blood and Honey) доби пет награди „Златна малина“, од вкупно 10 номинации, вклучително и за најлош холивудски режисер, пишува „Ролинг стоун“.

Во тој филм, ликовите од класичното дело на Александер Алан Милн се појавуваат како злобни сериски убијци.

Филмот, меѓу другото, „победи“ и во категориите најлоша фотографија, најлошо сценарио и најлош режисер.

Критиките не го одвратија режисерот Рис Фрејк-Вотерфилд од понатамошното снимање и тој најави продолжение на филмот и снимање на други хорор филмови со ликови како што се Бамби и Петар Пан.

Филмот на Силвестер Сталоне „Платеници 4“ (Expend4bles) освои две награди „Златна малина“.

Наградата за најлош актер му припадна на оскаровецот Џон Војт за улогата на ирски мафијаш во „Милост“ (Mercy), додека Меган Фокс доби две награди – едната за најлоша актерка во хорор филмот „Џони и Клајд“ (Johnny And Clyde) и другата за најлоша споредна актерка за улогата во четвртиот дел од франшизата „Платеници 4“.

Сталоне доби Златна малина за најлоша споредна машка улога во тој филм.

Наградите „Златна малина“ за најлошите холивудски филмови во годината традиционално се објавуваат ден пред доделувањето на Оскарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот