Стајлинг кој има посебна причина: Еве зошто Кејт Мидлтон ја облекува принцезата Шарлот во исти фустанчиња (ФОТО)

Британската принцеза Шарлот пред неколку дена наполни четири години, а по тој повод гордата мајка Кејт Мидлтон објави нови фотографии од својата миленичка.

Фотографиите се сликани во дворот на Кесингтонската палата, а малечката принцеза позира облечена во фустанче во светло сина боја со цветчиња и бела крагња. Нејзиниот прекрасен стајлинг е пополнет со сина машничка во косата.

Подоцна е откриено дека принцезата носи Betsy фустанче кое чини 70 фунти.

Она што на многумина им падна во очи е дека принцезата Шарлот во јавноста главно е сликана во слични модели на фустанчиња со нежни нијанси.

Имено, на фотографиите од најраните денови, малечката Шарлот носи фустанчиња со кројот А, со кратки ракавчиња на кои има сошиена елегантна бела, т.н. Петар Пан крагња.

За нејзиниот аутфит се грижи мајката Кејт Мидлтон, која води сметка за секој детал.

Но зошто Кејт секогаш избира вакви комбинации за облекување на својата ќерка?

Стилистката на славните Рошел Вајт за Femail објасни како Кејт Мидлтон и принцот Вилијам на оваа одлука се определиле за да ги избегнат шпекулациите околу стајлингот со кој секојдневно се сретнуваат членовите на кралското семејство.

„Фустаните кои Кејт ги избира за Шарлот се тренди, а истовремено традиционални, женствени, забавни и убави“, изјави Вајт и додаде:

„Иако времињата се променија кога зборуваме за детската мода, ова е уникатно издание кое никогаш нема да излезе од мода, туку со години се доградува. Мислам дека Кејт е свесна за тоа дека луѓето им придаваат големо внимание на облеките во кои е облечена Шарлот“.

Таа смета дека Кејт со тоа сака да покаже дека со облекувањето на својата миленичка не сака да предизвика родителите да прават модно лудило трчајќи да ја купат облеката во која ја виделе Шарлот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот