ССНМ бара итна истрага за заканите кон новинарката Мери Јордановска

Од ССНМ потсетуваат дека закани секогаш биле и се казниво дело и апелираат до МВР и до Обвинителството поревносно да ги откриваат и санкционираат ваквите случаи особено што нивниот број се зголемува во периодот на предизборието.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) ги повикува полицијата и Обвинителството да ги испитаат наводите на новинарката и заменик-уредничка на „А1он”, Мери Јордановска дека преку интернет ѝ се заканувал државен службеник вработен на Централниот регистар.

-Ако се потврдат наводите на Јордановска бараме промптно и соодветно да се санкционира службеникот и го повикуваме менаџментот на Централниот регистар да поведе дисциплинска мерка против својот вработен. Само на овој начин ќе се обесхрабрат сите оние коишто во иднина би помислиле повторно да се закануваат на новинари, се наведува во соопштението од ССНМ.

Од ССНМ потсетуваат дека закани секогаш биле и се казниво дело и апелираат до МВР и до Обвинителството поревносно да ги откриваат и санкционираат ваквите случаи особено што нивниот број се зголемува во периодот на предизборието.

-Фактот дека Јордановска не е нападната само како новинар, туку и како жена (што може да се забележи од заканите што новинарката ги објави на Фејсбук) покажува дека во оваа држава треба да се вложат уште многу напори за еманципација, велат од ССНМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот