ССМ: Сметката на ЈП Водовод и канализација блокирана, вработените стравуваат за исплата на платите

Вработените во ЈП Водовод и канализација Скопје алармираат дека се под постојан притисок од в.д директорот Марјанче Митовски кој кулминира со последното писмо кое го испратил до сите вработени во ЈП Водовод и канализација Скопје во кое тој се ставил над Управниот одбор во претпријатието, соопштуваат од ССМ. Имено како што наведува информацијата од Сојузот на синдикати, В.Д. директорот упатил порака до вработените дека не смеат да ги почитуваат Одлуките на Управниот одбор која според ССМ е контрадикторна бидејќи и самиот директор има основ за негово разрешување согласно Закон доколку тој не ги почитува одлуките на Управниот одбор во претпијатието.

– По упатената порака пред околу еден месец дека работниците мораат да му бидат слепи послушници само нему, а доколку не ги спроведел реорганизација и измена на систематизацијата со бркање од работа и прераспоредување што од сите надлежни инспекциски органи и управниот одбор му ги поништија како незаконски, како што и незаконски му даде отказ на претседателот на Синдикатот во Водовод, сега истиот ќе се јавел во заштита на вработените како в.д директор, ако вработените постапувале спротивно на одлуките на управниот одбор – велат од ССМ.

Дополнително од ССМ тврдат дека вработените се загрижени за исплатата на нивните плати поради тоа што сметката на ЈП Водовод и канализација била блокирана од извршители од петокот до вчерашниот ден.

– Ваквиот игнорантски однос претставува опасност и за другите јавни претпријатија и платите на работниците таму поради тоа што преку сметките за вода се наплатуваат и услугите за другите јавни претпријатија ( Паркови и зеленило и Комунална хигиена) кои доколку се блокирани сметките на ЈП Водовод и канализација нема да можат да ги добијат наплатените средства, а со тоа нема да можат да исплатат плата на вработените – информираат од ССМ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот