ССМ и КСОМ излегуваат на протест на Први мај под мотото „Ние работниците“

Фото: ССМ

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) денеска упатија заеднички повик до сите работници да се обединат и заедно со синдикатите да излезат на 1 мај на протестот кој ќе започне во 11 часот пред Работничкиот дом под мотото „Ние работниците“.

Ова, како што информираат од ССМ, е договорено на заедничката средба на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и секретарот на Советот на ССМ Златко Цветковски со претседателот на КСОМ Марјан Ристески и генералниот секретар на КСОМ Гоце Делчев Тодев.

-ССМ и КСОМ ги слушнаа барањата на работниците за потребата од обединување на синдикатите и оваа години заедно го организираат работничкиот протест на Меѓународниот ден на трудот 1 Мај. Сојузот на синдикатите на Македонија и Конфедерација на синдикалните организации на Македонија заедно излегуваат на работничкиот протест на 1 Мај под мотото „Ние работниците“, соопштија од ССМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот