Српскиот рокер Ѓорѓе Давид не ја напуштил Македонија

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српскиот рокер и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ Ѓорѓе Давид, кој минатииот викенд со својот автомобил усмрти жена на автопатот кај Табановце не ја напуштил Македонија. Денеска тој се обрати со видео на Инстаграм во кое порача дека уште не ја напуштил Македонија и дека документите му се наоѓаат во Јавното обвинителство во Куманово. Тој ги замоли македонските и српските медиуми да престанат да пишуваат дека ја напуштил државата и дека веќе се наоѓа во Србија.

– Имајте барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам. Јас не сум ги добил своите документи, не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се во Јавното обвинителство Куманово. Мене тоа ми прави проблем и предизвикува омраза кај овие луѓе кои мислат дека јас ви барам да го пишувате тоа. Ми ја отежнувате ситуацијата, ми правите пекол од животот. Кога ќе ги имам документите и кога ќе ја преминам границата, јас прв ќе се јавам – рече Давид во видео обраќањето.

Викендов дел од медиумите објавија дека Ѓорѓе Давид се вратил во Белград, Србија, а српските медиуми најавија дека ќе одржи прес-конференција на која ќе информира што се случило и како дошло до сообраќајната несреќа.

Од Јавното обвинителство велат дека кумановскиот суд во текот на викендот донел одлука да ги замени мерките на претпазливост.

– Одредено е единствено лицето еднаш месечно да се јавува во Судот. Од ОЈО Куманово не беше побарано мислење за замената на мерките – велат од Јавното обвинителство.

Оттаму додаваат дека новите мерки за претпазливост се уште не се правосилни, а одлуката за враќање на пасошот на Давид треба да ја донесе Основниот суд Куманово.

Претходноите мерки на претпазливост беа привремено одземање на патните исправи како и обврска редовно да се јавува во Судот.

Пред несреќата што се случи минатиот викенд на автопатот српскиот музичар се вклучи во живо на социјалните мрежи. Во несреќата 49-годишна кумановка загина, а три други лица се здобија со повреди. Првин две возила се судриле на автопатот, па од едното од возилата излегла несреќната жена, на која налетало возилото на Ѓорѓе Давид кое удрило во неа. Веднаш по несреќата дежурен јавен обвинител од ОЈО Куманово изврши увид на лице место, од каде се собрани се траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење, за прецизно да се утврдат причините за сообраќајната несреќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот