Фото Архива на СП

Српскиот парламент ќе се конституира до крајот на јули

Досегашниот претседател на српското Собрание и лидер на СПС, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека очекува до крајот на јули да се конституира новото свикување на српското Собрание и релативно брзо да се формира новата Влада на Србија, а кога е во прашање формирање нова владејачка коалиција, тој оцени дека тоа е одлука на најголемата партија –СНС (Српска напредна странка), која ги диктира темпото и условите и дека СПС (Социјалистичката партија на Србија) е подготвена „да можат да постојат и други решенија”, јави дописникот на МИА од Белград.

-Мислам дека е практично невозможно да се формира нова влада до крајот на јули. Бидејќи до крајот на изборниот процес ќе ни требаат уште најмалку седум дена. Реално е до крајот на јули да одиме на конституирање на парламентот, изјави Дачиќ кој додаде дека „кога ќе го добие конечниот извештај од РИК, обврска му е да ја одржи конститутивната седница на Народното собрание во рок од 30 дена”.

„Оттогаш тече рокот од 90 дена за формирање влада и дури тогаш претседателот Александар Вучиќ може да почне консултации со пратеничките групи и да именува нов владин мандатар”, кажа Дачиќ.

Што се однесува до улогата на СПС во новата влада, Дачиќ кажа дека за ова не разговарал со Вучиќ, и дека СПС и СНС имаат коректни односи, дека нивните заеднички резултати се добри и дека СПС е подготвена за продолжување на соработката.

-Тоа ќе биде одлука на најголемата партија – СНС, и нивно е да го диктираат темпото и условите за формирање на нова владина коалиција. Сепак, ние сме апсолутно подготвени да можат да постојат и други решенија, изјави Дачиќ.

За тоа каква функција очекува, Дачиќ кажа дека тоа е неважно и дека никогаш немал никакви барања за себе.

-Треба да го искористиме овој период на стабилност за натамошен развој на Србија. Владата треба да даде позитивен импулс за развојот на Србија, а патот по кој ќе оди Србија е веќе одреден – тоа е патот на евроинтеграциите, притоа штитејќи ги нашите државни и национални интереси, рече Дачиќ.

Коментирајќи го развојот на ситуацијата во Косово, каде Приштина им наложи на Србите да ги земат регистарските таблички на Приштина, Дачиќ кажа дека тоа е уште еден показател дека Албин Курти не сака никакви компромиси и договори, туку исклучиво политика на сила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот