Срѓан Миливојевиќ: Во Белград не се случува ниту „украинско“, ниту „македонско“ сценарио, ова е борба за слобода

Срѓан Миливојевиќ / Утрински брифинг

Во Белград не се случува ниту „украинско“, ниту „македонско“ сценарио, ова е борба за слобода и нема да му дозволиме на Александар Вучиќ да побегне како Никола Груевски, оти сакаме да му судиме пред законите на Р.Србија, изјави Срѓан Миливојевиќ пратеник од Демократската партија (ДС) и еден од лидерите на протестите на опозицијата „Србија против насилството“, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој посочи дека „денешниот протест во центарот на Белград, на Теразије, е просрпската опозиција, а не проевропска опозиција, иако сме посветени на европските вредности, да покакаже бројност, одлучност и истрајност“.

-А на оние кои повикуваат дека во Србија ќе се случи „Украинско“ или „Македонско“ сценарио, порачувам да сигурно дека нема да се случи. Ние нема да дозволиме Александар Вучиќ, како Никола Груевски да побегне во Унгарија, во багажник, со помош на една безбедносна служба. За нас е многу важно виновниците на оваа изборна кражба да одговараат пред законите и судовите на Р.Србија.

Како што кажа Миливојевиќ, опозицијата ќе продолжи со протестите, паралелно со активностите на меѓународно поле, како и со институционалната борба.

„Ние не отстапуваме, оти ова не е борба за власт“, ова е борба за слобода, изјави Миливојевиќ.

На денешниот протест во Белград, на кој имаше повеќе илјади граѓани, беше испратена порака да се поништатат изборите, да се прочисти избирачкиот список и нивно повторно одржување. Опозицијата го бојкотираше денешното прегласување на 35 избирачки места во Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот