Среќен роденден: Премиерот Заев денес полни 45 години

Фото: Фејсбук/Zoran Zaev

Претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, денес го прославува својот 45. роденден. Тој е роден на 8 октомври 1974 година во Струмица, во земјоделско и традиционално семејство.

Во 1997 година, Заев дипломирал на Економскиот факултет на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ каде што продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии.

Зоран Заев е член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) од 1996 година, а од 2003 до 2005 година е пратеник во Собранието на Македонија.

Во 2005 година, Заев стана градоначалник на градот Струмица, а од 2013 година е прв човек на СДСМ. По победата на парламентарните избори во 2016 година, тој е предводник на Владата на земјава.

Премиерот Заев, заедно со неговиот грчки колега Алексис Ципрас, во 2019 година ја доби и официјалната номинација за Нобеловата награда за мир поради постигнувањето на Договорот од Преспа, со кој нашата земја беше преименувана во Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот