Средношколката Анастасија Недељковска дел од Меѓународен стрип-фестивал во Романија
Во Брашов, Романија се одржува Меѓународниот стрип салон, а меѓу учесниците е и средношколката Анастасија Недељковска од Куманово која учи во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје. Нејзиниот стрип е во голема конкуренција да биде избран и изложен во официјалниот каталог.
Препорачано
Нејзиното излагање во Романија е врз основа на соработката почната преку проектот „Can for Balkan“ на кој со свои стрипови учествуваат повеќе македонски автори, информираше Томе Трајков, програмски координатор на Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес.
Трајков од СЦМ-Велес посочи дека историскиот стрип како тема е доста развиен и популарен и има континуитет во Романија.
За оваа година беше објавен меѓународен конкурс за контрафактуален стрип, што може да се преведе како испревртена историја или слободно речено – „што би било кога би било“, рече Трајков.
Недељковска активно учествува на стрип натпревари и изложби од 2019 година и е дел од македонската младинска стрип сцена. На Стрип фестивалот во Брашов покрај изложбата ќе има и едукативни работилници, промоции и придружни активности.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


