Средба Пендаровски – Сарач: Турците даваат активен придонес за градење на рамноправно општество

Средба Пендаровски - Сарач/ Фото Кабинет на претседателот на РС Македонија

Претседателот Стево Пендаровски го прими Ердоган Сарач, претседателот на Движењето за национално единство на Турците, соопштија од кабинетот на претседателот.

На средбата се разговараше за положбата на припадниците на турската етничка заедница во државата, како и за нивните заложби и придонес за развојот и напредокот на Република Северна Македонија. Припадниците на турската етничка заедница во Северна Македонија, заедно со другите етнички заедници даваат активен придонес за градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество.

На средбата стана збор и за односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател и стратешки партнер на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот