Средба Пендаровски – Кожуваровска: Намалување на бројот на загинати и повредени во сообраќајот е наш приоритет

Средба на Пендаровски со Кожуваровска/ Фото Кабинет на Претседателот на РСМ

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Гордана Кожуваровска, претседателка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

На средбата се разговараше за севкупните активности на советот, насочени кон унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

Претседателката Кожуваровска ги претстави и планираните активности, кампањи, настани, стручни и научни собири и манифестации на советот во 2022 година, кога одбележува 60 години од своето постоење.

Претседателот Пендаровски ги поздрави напорите на советот за подигнување на јавната свест за одговорно однесување и меѓусебно почитување на сите учесници во сообраќајот, нагласувајќи дека едукативното дејствување е важна алка во процесот за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, а со крајна цел – заштита на човечкиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот