Средба Маричиќ – Брнз: САД останаа силен поддржувач на европската интеграција на Северна Македонија

Средба Маричиќ-Брнз/Фото МИА

Американската поддршка во процесот на европската интеграција на нашата земја, важноста и неопходноста од напредокот на Западен Балкан во процесот на евроинтеграциите, се дел од темите на кои е разговарано на денешната средба на заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ со амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз.

Како што информираат од Секретаријатот за европски прашања, вицепремиерот Маричиќ изразил уверување дека реформите остануваат во фокусот, но дека истовремено е потребен јасен и извесен исход за европската иднина на регионот.

Вицепремиерот Маричиќ во пресрет на заедничката седница со Владата на Бугарија ѝ го претставил на амбасадорката Брнз начинот на кој ќе се формираат и на кој ќе функционираат работните групи во рамки на новиот пристап со Бугарија, од кои се очекува да го придвижат процесот за надминување на отворените прашања, но и да бидат добра основа за зајакнување на соработката помеѓу институциите, граѓанскиот и бизнис секторите.

На крајот, како што посочуваат, вицепремиерот за европски прашања Маричиќ истакнал дека јакнењето на соработката со Соединетите Американски Држави, како наш стратешки партнер со кој негуваме долгогодишни блиски односи, е од голема важност бидејќи САД останува еден од главните поддржувачи на реформската агенда на патот кон европската интеграција.

Амбасадорката Брнз на средбата упатила честитки до вицепремиерот Маричиќ за новата функција, изразувајќи доверба во неговиот личен ангажман дека ќе даде голем придонес во евроинтегративниот процес на земјата во рамки на мандатот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот