Средба Димитров – Схинас за миграциските прашања и Фронтекс

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, попладнево ја заокружи својата посета на Брисел со средба со потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, задолжен, меѓу другото за миграциските прашања.

На средбата, како што соопштија од неговиот кабинет, станало збор за важноста на мисијата Фронтекс “во овие моменти кога се реактуелизира прашањето на миграцијата”.

Потпретседателот Схинас, велат оттаму, изразил силна поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, како и подготвеност за поддршка од неговиот тим во областите од неговата надлежност.

Схинас од своја страна изрази задоволство за средбата со Димитров преку Твитер.

-Добредојде за Никола Димитров во Европската Комисија за прв пат откако е на позиција на вицепремиер за европски прашања, разговаравме за нашите утрешни предлози за миграција, соработката со западниот Балкан и патот на Северна Македонија кон ЕУ, напиша Схинас на Твитер.

Утре Европската Комисија треба да го презентира својот предлог за реформа на системот на азил и миграција на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот