Фото: Македонска Теквондо Федерација

Сребрен медал за Мила Рељиќ на теквондо турнирот во Луксембург

Во женска конкуренција нов медал за македонското теквондо донесе Мила Рељиќ сега од Г1 турнирот што се одржува во Луксембург.

Нашата натпреварувачка во категоријата -67 кг., успеа да дојде до среброто по учинок од три победи и еден пораз.

Во првата борба Рељиќ со 2:0 ја совлада Германката Гифер Изабел, со истиот резултат во втората борба триумфираше и над Фабер Изабел од Луксембург.

Македонската теквондистка во полуфиналната фаза беше подобра од Ебнуталиб Сумаја од Германија (2:0).

И во финалниот меч за златото, Рељиќ загуби со 2:0 против Бразилката Санди Маседо.

Одличен настап имаше и Анамарија Георгиевска со победа и пораз во борба за медал.

Претходно медал од овој турнир донесе и Филип Блажевски, членот на ТК Бутел, во категоријата -80 кг.

Теквондистот Филип Блажевски со четири победи до златото на Г1 турнирот во Луксембург

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот