Србите не сакаат да го видат: Кајмакоски на српска телевизија покажа двоглав орел (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Нашиот Даниел Кајмакоски го навлече гневот на сите Срби откако во емисијата „Твоето лице звучи познато“ во која тој повторно учествува, го покажа симболот на Албанците – двоглавиот орел.

Кајмакоски за српски „Инфомер“ тврди дека не знаел дека со рацете го покажува албанскиот симбол.

Фото: Курир.рс

– Им ги покажував на фотографите своите лакирани нокти. Една од позите ми беше и оваа која предизвика скандал. Немав поим дека тоа е некој албански симбол. Македонец сум и православен, никогаш тоа намерно не би го направил. Во шок сум поради сè – изјавил Кајмакоски.

Останува да видиме дали целата српска нација ќе му прогледа низ прсти поради овој потег…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот