8 C
Скопје

Србин вакциниран со Фајзер, ревакциниран со кинеската: Не се чувстувам баш добро

Жител на Врање, стана засега единствен исклучок во националната кампања во Србија кој примил две дози вакцина од различни производители, соопшти српските медиуми.

Врањанецот Слаѓан Антиќ е вакциниран со вакцината на Фајзер –Бионтек, а кога со посредство на е-системот добил СМС да се ревакцинира во локалната спортска сал, примил кинеска вакцина од Синофарм, објави порталот инфоВрањски.

Антиќ за тој портал рече дека на 28 јануари ја примил првата доза од Фајзер вакцината, а потоа по грешка е ревакциниран со доза од кинескиот произведувач.

На лекарите, вели тој, им го покажал својот картон за вакцинација и разговарал со лекарот, а после тоа медицинската сестра му аплицирала кинеска вакцина.

Во еден момент лекарот му рекол дека „кинеската вакцина добро штити“, поради што се побунил објаснувајќи дека веќе е вакциниран со Фајзер, но му објасниле дека во тој момент немале од американско – германската вакцина.

Прочитајте и...  Стејт департментот ќе препорача Американците да не патуваат во 80 отсто од државите

Следувале низа консултации на локално ниво и со националниот Институт за јавно здравје Д-р Милан Јовановиќ Батут и Антиќ ја добил терапијата, но тврди дека „не се чувствува добро“.

Инаку Србија е меѓу водечките земји во светот по бројот на вакцинирани на милион жители и кампањата за имунизација се води низ електронски систем на државно ниво, а досега се искористени повеќе од 1,4 милиони дози, од кои втора доза примина 512.000 српски граѓани.

Со испораката на 100.000 дози Спутник V Србија надмина два милиони набавени дози, потврди премиерката Ана Брнабиќ и најави дека на 5. Март од Кина стигнуваат уште 500.000 дози на Синофарм.

„Ние со вакцините немаме проблем“, рече таа.

Прочитајте и...  Репортери без граници: Високи владини претставници продолжуваат да им се закануваат на новинари и да навредуваат медиуми

Во Србија до неделата попладне се регистрирани 459.259 случаи на зараза со коронавирус, а официјално се пријавени 4.443 смртни случаи, додека последните денови се забележани и над 3.000 новозаразени на дневно ниво.

Поврзани вести

ВИДЕО I Русија ја активира северната флота: Целта е да се заземат стратешките точки на Арктикот по секоја цена

Слободен печат

Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Слободен печат

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес, брутално нападнато од својата врсничка додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Слободен печат

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Слободен печат

Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Слободен печат

Остави Коментар