Србин и Унгарка продавале лажен накит во Шпанија

Српски државјанин на возраст од 45 години и 31-годишна Унгарка се уапсени во Фуенгирола, Шпанија, под сомнение дека измамиле човек за 20.000 евра на коj му продале лажен накит.

Србинот и Унгарката на купувачот му продале две златни ланчиња и скап часовник.

Мажот пријавил во полиција дека купил накит и часовник, за кој подоцна дознал дека се лажни. Како што објаснила жртвата, од измамниците добил извесна придружна документација и писмо за автентичност на часовникот од Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот