Србија: Договорот за регистарски таблички на Косово е „мала тактичка победа” за нас

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека во однос на статусниот смисол, договорот за регистарски таблички на Косово е „мала тактичка победа” за Белград и дека пред два дена Приштина имала „подобар договор отколку што постигнала вчера.

Не знам зошто си го направија ова. Погрешна проценка, погрешна тактика, но тоа е нивна работа. За нас во ова коминике јасно е наведена неопходноста од исполнување и спроведување на претходните договори. Оние кои живеат на Косово и Метохија, а ги има околу 7.000, како и околу 2.000 во централна Србија, можат да продолжат да возат автомобили со КМ таблички без никакви проблеми и казни. Статусно, тоа е мала тактичка победа која ќе не доведе до уште потешки притисоци на кои ќе бидеме изложени, изјави претседателот на Србија.

Вучиќ кажа дека косовските Срби нема да се вратат во институциите додека не се формира Заедницата на српските општини (ЗСО), што е нивен втор услов, заедно со тоа дека нема да има казни за менување на табличките. Тој рече дека обновувањето на КМ табличките се одвива нормално и дека нема никакви обврски на овој план. Зборувајќи за предлогот на ЕУ за конечниот договор, тој рече дека Србија има свои „црвени линии”.

Ние велиме дека не го сакаме Косово во ОН и што потоа – ќе не бомбардирате, ќе ни се заканувате со санкции, што? рече Вучиќ на прес-конференција во Белград, по средбата со претседателот на Република Српска Милорад Додик и членката на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ.

Тој додаде дека „не е проблем” веднаш да се прекинат преговорите, но „тогаш како мислите дека ќе ги решиме овие проблеми”.

Запрашан за тоа што ќе се случува на изборите на северот на Косово, кои се закажани за 18 декември, вели дека Србите од Косово рекле дека нивен услов е формирањето на ЗСО и потсети дека тоа било услов и за враќање во институциите, покрај тоа да нема казнувања за регистарските таблички.

И да сакам – а нема – не можам да ги убедам Србите на Косово во такво нешто, рече Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот