Спортската арена „Борис Трајковски“ е резервирана за вакцинација против ковид -19

фото: фејсбук

Спортската арена „Борис Трајковски“ е веќе резервирана за имунизација против ковид – 19, а од понеделник ќе почне и да се подготвува просторот за таа намена, потврдуваат за „Слободен печат“ оттаму.

Детали уште не се познати, меѓутоа Македонија ќе го следи позитивниот пример на Србија, каде вакцинацијата се одвиваше во вакви големи објекти, па повеќе граѓани истовремено можеа да бидат имунизирани. Во Србија вакцинацијата се одвиваше во повеќе саемски хали.

,,Резервирана е само големата сала, повеќе детали ќе имаме од понеделник. Во овој момент уште не се започнати подготовките”, изјавија од Спортскиот Центар „Борис Трајковски“, за „Слободен печат“.

Од Министерството за здравство вчера ни потврдија дека во Националната стратегија е предвидено дека кога ќе почне масовната вакцинација, освен во постоечката здравствена инфракструктура ќе се користат и други простори за вакцинација како и спортски сали.

Преку сајтот вакцинација.мк се пријавени 82.704 граѓани. Од страна на матичните лекари направени се 58.593 анкети. Досега вкупно се пријавени 67.179 лица над 70 години кои сакаат да се вакцинираат. Досега во земјава со вакцината на Фајзер се вакцинирани 6.884 здравствени работници со првата доза, а со втората доза 2.740.

Здравствените власти уверуваат дека се подготвени за претстојниот процес на имунизација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот