Според експертите: Најлошите работи што можете да ги купите на Црн петок

Фото: Pexels

Црн петок е нешто налик Олимписки игри, но за пазарење. Голем број луѓе се подготвуваат за овој ден со недели – прават план што ќе купат, ги следат рекламните акции и одлучуваат кои се најдобрите опции за нив, пишува „Бест лајф“.

Но, неминовно е да се каже дека многумина купуваат работи кои, реално, не им се потребни и кои може да бидат купени во некоја друга прилика.

Според експертите за малопродажба, ова се најлошите работи кои можете да ги купите на Црн петок.

Накит

Убавиот накит неретко е и најскапата работа која ја купуваме. Но, ако сакате да заштедите, можеби е попаметно да почекате уште неколку месеци.

„Во принцип, препорачувам да се држите подалеку од купување накит за време на Црн петок, особено ако се работи за скапо парче како веренички прстен. Ова е мојот совет бидејќи јувелирите имаат најмалку достапни залихи за време на празничната сезона. Тоа е така бидејќи ова е еден од најпрометните периоди во годината“, вели Дастин Лемик, извршен директор на „БрајтКо“.

Облека и модни додатоци

Облеката, производите за убавина и модните додатоци не се лоша идеја за купување на Црн петок, но експертката за пазарење Андреа Вороч предлага да ги прескокнете, со исклучок ако попустот е поголем од 30 отсто.

„Можеби ќе видите неколку зделки за облека, обувки и додатоци, но многу од производите ќе бидат со полна цена или со мал и незначителен попуст. Историски гледано, подобри зделки има на Сајбер понеделник“, објаснува таа.

Фото: Pexels

Патувања

Една недела пред Црн петок, веројатно ќе добиете голем број мејлови од авиокомпании и туристички агенции, кои ќе се обидат да го привлечат вашето внимание со интересни понуди. Но, ако успеете да се воздржите – ќе дочекате уште подобри попусти.

„Најголеми попусти на авионски билети, хотелски сместувања и изнајмување автомобили ќе има во вторник, на 28 ноември. Според ‘Хопер’, страница за следење патувања, на овој ден има повеќе зделки отколку Црн петок и Сајбер понеделник заедно“.

Разговор со Сара и Катерина од „Yes for Less“: „Црн петок“ може да е „црн“ и за планетата Земја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот